Дата/Час
Date(s) - 28/02/2020
10:00 - 13:30
Място
Занатски дом Куманово
Категория Без категория
Почитувани дами и господа,
Со задоволство ве покануваме да земете учество на Бугарско – македонскиот бизнис форум – Куманово 2020, под мотото: “Заедно можеме повеќе”.
Настанот е во организација на Здружението Oбединети Бизнис Клубови (ОБК) и Општина Куманово (Република Северна Македонија), со поддршка на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија.
Датум и час: 28 февруари 2020 г. од 10.00 до 13.30 часот;
Место: Занатски дом – гр. Куманово
Форумот ќе биде многу интересен, корисен и практичен. Организаторите ќе ги потенцираат можностите за воспоставување на партнерства и деловни односи меѓу стопанските субјекти од двете страни на границата, преку специјално организирани состаноци т.н.„б2б“ и „вмрежување“.
Затоа, неопходно е да се поврзете со нас што е можно поскоро и:
- Да ни доставите кратки информации за вас, вашата компанија (организација) и вашите деловни интереси.
- Наведете кое лице, компанија или организација (од приложениот список) би сакале да запознаете.
- Наведете дали сакате да присуствувате со Вашиот репрезентативен штанд.
Форумот ќе го отворат високи претставници на македонската и бугарската власт, а особена желба за учество на настанот изразија градоначалниците на 29 македонски и 12 бугарски општини.
Учесници на настанот ќе бидат претставници од следниве економски сектори и потсектори: земјоделство и сточарство; лозарство и производство на вино; флаширање минерална вода; производство на пиво и безалкохолни пијалоци; прехранбената индустрија; текстилна, облека и обувки, индустрија за преработка на дрво и мебел; производство на градежни материјали; производство на метални конструкции; енергија (вклучително и зелена енергија); туризам; градежништво; транспорт и шпедиција; курирски услуги, хотели и ресторани, итн.
Сите учесници ќе имаат можност да се сретнат и да разговараат со претставници на финансискиот (банкарскиот) сектор, како и со водечките советодавни компании од областа на европските фондови и програми.
Формулар за регистрација – ОВДЕ
Партиципација:
2 800.00 денари (конечна цена)
Услугата вклучува: учество во почетната сесија на форумот, b2b состаноци, паузи за кафе и ручек за вмрежување.
Износот треба да го уплатите на:
Ж. С-КА 210073233360192
НЛБ Тутунска Банка АД Скопjе
Ве молиме, наведете го како примач – Еурофандс Консалтинг ДООЕЛ Куманово ,
а во цел на дознака – Такса за учество на форум во Куманово, на 28.02.2020
Молиме за задолжителна регистрација и абсолутно строго запазување на рокот за пријавување.
Формуларот за регистрација може да ја преземете и од веб-страницата на UBC, www.ubclubs.eu , или да побарате да го добиете формуларот од седиштето на здружението и по пополнувањето да ни го испратете на нашата е-маил адреса events@ubclubs.eu
За дополнителни информации по однос на Бугарско-Македонскиот бизнис форум – Куманово 2020, можете да нѝ се обратите на тел. +389 2 2454004 или да нѝ пишете на events@ubclubs.eu, како и да го следите официјалниот сајт на ОБК www.ubclubs.eu или фејсбук страницата United Business Clubs-Bulgaria
Краен рок за пријавувањена учество: 24 февруари 2020 г.