MK Национален бизнис форум – Скопје 2019

MK Национален бизнис форум – Скопје 2019
13.12.2019 obk
Map Unavailable

Дата/Час
Date(s) - 13/12/2019
09:30 - 14:00

Място
Hotel Aleksandar Palace- Skopje

Категория Без категория


Почитувани дами и господа,

Со ова писмо, ве каниме да земете учество на Национален бизнис форум – Скопје 2019”, на тема: “Европски фондови и програми за економски развој на Република Северна Македонија”.

Настанот се организира од Здружението Обединети Бизнис Клубови (ОБК), со специјална поддршка на Европската Алијанса на Mалиот и Средниот Бизнис (Брисел), за чие отварање е поканет г-дин Стево Пендаровски – Претседател на Република Северна Македонија, а поканети се да учествуваат и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерот за економија, како и повеќе раководители од ресорните министерства и институции. Форумот се поддржа од Амбасадата на Република Бугариja во Република Северна Македониja.

Датум и час: 13 декември 2019 г. од 09.30 до 14.00 часот;

Место: Конгресна сала 2 – хотел Александар Палас, Скопје

Во рамките на настанот ќе бидат дебатирани следните теми:

  • Европски фондови и програми во 2020 година, како и за периодот 2021 – 2027 година (над 450 програми, со над 800 финансиски инструменти за помош):
  • управувани директно од Европската Комисија и ЕС (со аплицирање во Брисел);
  • управувани на ниво група од држави (региони);
  • управувани на национално ниво.
  • Банки и финансиски институции со нови услови и финансиски инструменти во поддршка на бизнисот и општините.

Специјален акцент ќе биде ставен врз можностите за поддршка на развојот на ЗЕМЈОДЕЛИЕТО, ИНДУСТРИЈАТА, ТУРИЗМОТ и ОПШТИНИТЕ во Северна Македонија.

Официјални гости на настанот ќе бидат претставници на официјалната македонска власт, Европската комисија, Европскиот парламент, дипломатските претставништва во Северна Македонија, претседатели на паневропски, транснационални и национални организации.

Од Националниот бизнис форум ќе известуваат водечките македонски и бугарски медиуми.

Очекуван број посетители: 200-250

 

Фотографии од настанот можете да ги видите  тука

Медиумите за насhttps://time.mk/c/5b3a45372c/?fbclid=IwAR39RbLJCNG0ppdg3leKrX3s64Bjyjoh5viV6yMs6ln5xTYakUHW8iEWKiY

 

 

Такса за учество:

  1. Економичен пакет: вклучува учество на сите панели и дискусии, кафе пауза

крајна цена: 1650 Денари

  1. VIP пакет: вклучува учество на сите панели и дискусии, кафе паузи, плус резервирани седишта во првите редове пред трибината; оброк – нетворкинг во ресторанот на хотелот.

крајна цена: 2900 Денари

Сумите треба да се уплатат на сметка:

Ж. С-КА 210073233360192

НЛБ Тутунска Банка АД Скопjе

Ве молиме, наведете го како примачЕурофандс Консалтинг ДООЕЛ Куманово ,

а во цел на дознака – Такса за учество на форум во Скопје, на 13.12.2019 + вашето име и презиме

 

Регистрациониот формулар можете да го пополните директно на сајтот на ОБК, www.ubclubs.eu, или да побарате да ви биде издаден од централниот офис на Здружението, за откако ќе го пополните да нѝ го испратите по електронската пошта, на: events@ubclubs.eu

 

За дополнителни информации по однос на Националниот бизнис форум – Скопје 2019, можете да нѝ се обратите на тел. +389 2 2454004 или да нѝ пишете на events@ubclubs.eu , како и да го следите официјалниот сајт на ОБК www.ubclubs.eu  или фејсбук страницата United Business Clubs-Bulgaria

 

Краен рок за пријавување на учество: 12 декември 2019 г.

Резервация

Регистрациите са затворени за това събитие.